Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби денеска посочи дека ДУИ ќе добијат пет заменички места во министерствата за внатрешни работи, за одбрана, за транспорт и врски, за правда и за здравство.

Вечер.мк од извори во ДУИ ги објавува имињата на замениците министри кои ги предлага партијата.

Заменик министер во МВР – Назим Буши, поранешен директор во Телеком.

Заменик министер во одбрана – Башким Хасани, актуелен заменик директор во Финанскиска полиција.

Заменик министер во здравство – Илир Хасани, Директор на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ.

Заменик министер во Правда – Агим Нухиу, актуелен заменик министер во МВР.

Заменик министер во Транспорт и врски – Беким Реџепи, поранешен член на Судски совет.

Со коалицискиот партнер СДСМ договорени сме за поделбата на позициите на замениците министри, државните секретари, како и основната поделба на некои од директорските места. Но, тоа всушност не е поделба туку замена на ресорите, на пример АД Пошта со МЕПСО, Фондот на ПИОМ со ЈПДП. Се работи само за размена на директорски места за да бидеме многу попродуктивни и луѓето да дадат подобри резултати на нивните нови работни места. Нема други нови поделби на директорски места, рече на денешната прес-конференција првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби, одговарајќи на новинарски прашања. Додаде дека се друго се шпекулации, во моментов.

Груби изрази надеж дека утре или задутре ќе ги заокружат имињата на замениците министри и државните секретари. ДУИ, како што рече, ќе има заменици министри во министерствата или вкупно пет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.