Роднини и блиски лица на функционери на власта и судии и обвинители се фаворизираат преку систематизирана методологија, со која се влијае врз електронските резултати на кандидатите. Ова за „Магазин“ го открива анонимен релевантен извор од Академијата за судии и јавни обвинители, каде во тек е огласот за прием на 60 лица, кои после две годишната обука треба да бидат избрани за судии и обвинители во Македонија.

Како што веќе предупред портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, актуелниот конкурс е под директна контрола на двоецот Заев – Рашковски, а „Магазин“ додава дека деновиве видно било присуството на Правниот факултет на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

И покрај силните препораки на дипломати од Европската Делегација и амбасадата на Франција, конкурсот да биде фер, објективен и без местење, изворот на „Магазин“, кој останува анонимен меѓу другото информира и за следното:

Проверете кој е струмчанецот кој е присутен на електронските полагања и е ангажиран преку фирмата која го спроведува електронското полагање и во кое својство тој врши контрола на електронското полагање. Се зборува дека е испратен од висок функционер на Владата.

Изворите на порталот велат дека лица блиски на високи функционери на СДСМ и на актуелни судии освоиле невообичаено високи поени кои им гарантираат скоро и сигурно место како идни судии и обвинители.

Тоа се:

Билјана Иванова
Кирил Георгиев
Александра Макаровска Димовска
Гордана Василева
Елена Митрајческa

Билјана Иванова е правник, а инаку е снаа на Цветанка Иванова, актуелен генерален секретар во Собранието и долгогодишна пратеничка од редовите на СДСМ, како и блиска соработничка на премиерот Заев. Билјана Иванова е вработена во „ЈП Комуналец“-Струмица.

Кирил Георгиев е син на Претседателот на Апелациониот суд во Штип, Наке Георгиев, исто така струмичанец, чија сопруга е јавен обвинител во Јавното обвинителство во Струмица. Наке Георгиев случајно или не, секогаш кога СДСМ е на власт тој добива или избор во судија (1997 година), или унапредување во апелационен суд (2004 година), и сега претседател на Апелација во Штип (од ноември 2017-та). Неговиот син Кирил Георгиев, е вработен од страна на новата влада во Министерството за транспорт и врски.

Александра Макаровска Димовска е правник, близок роднина на Станка Атанасова, поранешна пратеничка од СДСМ од Свети Николе, и истакнат член на владеачката партија. Во моментов Александра Макаровска Димовска е вработена во СЈО на определено време. Вработените во СЈО на определено време вчера се обратија и со писмо до владата, да се реши нивниот статус, по што министерката за правда Дескоска даде изјава дека нивниот тим во преговорите се залага за трајно решение за нивниот статус.

Гордана Мачукова Василева, вработена како соработник во Основниот суд во Струмица, која, според нашиот извор, важи за блиска пријателка на генералниот секретар Рашковски.

Елена Митрајческа, адвокат од Кичево, активист на владеачката СДСМ во општина Кичево, која до пред некое време била во потесен круг за избор на позицијата секретар на општинската организација на владеачката партија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.