Со кое право зборуваат за правда?! Искористија селективно бомби со кои потоа и се рекетираа луѓе – запраша аналитичарот Ивор Мицкоски на својот фејсбук профил коментирајќи го „Маршот за правда“ што вечерва се оддржува во Скопје.

Во неговиот статус стои:

Го слушам последниот премиер in pectore на една европска држава после Берлускони, како од позиција на власт протестира против судска власт, која инаку сите знаеме дека е покорена и од актуелната политичко-партиска извршна власт која воедно користи ботовска законодавна власт и клиентелистичко квазиграѓанско општество и медиуми.
Со кое право зборуваат за правда?!
Искористија селективно бомби со кои потоа и се рекетираа луѓе.
Ни се даде специјална институција која фалично водеше предмети и падна под политичка контрола, па излезе, па беше уништена.
Власта беше фатена во криминал и рекетарство.
Се здружија со режимлии, амнестираа и условуваа луѓе кои заслужија да завршат зад решетки.
И сега доаѓаат со наратив од пред 3 години, на кој му претходеше 11 годишна борба, која беше разочана за ваква климава,лигава и сервилна демократура.
Прозападната ориентација не може да биде оправдување за градење нова стабилократија, нова неправда, само нова партија која ја контролира правдата.
Ова не е протест за правдата, ова е притисок правдата да биде повторно само во рацете на еден човек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.