Во моментов во судница се даваат завршни зборови за Тревник. Во судската сала нема ниту еден новинар, а веќе 14 портали напишаа што изјавила и побрала обвинителката, а таа уште ги чита во судница завршните зборови. Ние уште не сме дојдени на ред…, пишува правната застапничка на Драган Павловиќ Латас, Анита Бегова на својот Фејсбук профил.

Може ли да ја објавите пресудата пред да ја објави судот? Ова ли е слобода на медиуми и владеење на право? Ова ли е независно и професионално новинарство за кое го плукате Латас?, прашува таа.

Во четврток во Кривичниот суд ќе биде соопштена пресудата за случајот „Тревник“ во кој обвинети се Драган Павловиќ Латас и неговите браќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.