Распад на македонскиот здравствен систем под раководство на министерот за здравство, Венко Филипче. Во една иста просторија се земаат брисеви на потврдени и на сомнителни на КОВИД-19, а се прават и обични крвни слики. Заболени од корона вирусот сами, шетајќи се низ град и низ болниците, доаѓаат да примаат терапии во амбулантите во болниците. На истите рентген апарати на кои се снимаат ковид пациентите, на истите се снимаат и пациентите со скршеници или со други проблеми.

Ова е реалноста на кумановската болница, но оваа реалност не е исклучена од другите болници низ државата. Со ваква неорганизираност на здравствениот систем од страна на властите, не е ни чудно што бројот на заразени со корона вирусот во Македонија е огромен, а и по тоа што рушиме регионални, европски, но и светски рекорди на разазени но и на починати лица.
За ваквата состпојба во кумановската болница, пред камерите на Алсат телевизија, сведочеа граѓани од Куманово, но и вработени во болницата.

Од инсертите на телевизијата јасно може да се види, за што сведочеа и самите пациенти кои се позитивни на КОВИД-19, дека тие лекувајќи се во домашни услови секој ден доаѓаат за амбулантски услуги во Кумановската болница. Анализите на крвта се прават во истата лабораторија, каде што влегуваат и излегуваат и другите пациенти кои доаѓаат за едноставна крвна слика.

Една госпоѓа која веќе 14-ти ден е под терапија и која секој ден, од дома доаѓала во болница за да ја прими, се плаши дека скитајќи низ одделенијата можеби го пренела вирусот на други лица.

Примаме терапија од инфективното одделение, тука доаѓам на контрола и повторно се враќам на инфективното и така со помош на Бога и лекарите ќе биде добро. Како да не се плашам, се погрижив за себе но не знам како се заразив, сведочи госпоѓа, пред камерата на Алсат телевизија.

Вработена во лабораторијата во кумановската болница, вели дека иако тестовите за ковид и оние за крвна слика се на различни спратови, сепак пациентите со конид, сомнителните и пациентите кои сакаат да направат крвна слика ги користат истите простоии за влез и излез од одделението.

Да, тука се само пациентите со ковид и оние сомнителни, а за други тестови се горе. Но, ова е истото одделение, истата зграда, а и вратата е иста, колку е опасно да се шири инфекцијата? Ги имаме истите можности, немаме друго решение!“, изјави лаборантка во кумановската болница.

За да не ја прекршат одлуката за домашна изолација, пациентите пријавуваат во полиција дека итно мораат да одат во болница за да примат терапија. Во инфективното одделение во Куманово се правад долги редици на пациенти позитивни кои доаѓаат на дневна терапија.

Според надлежните во државна лабораторија во болницата во Куманово, во рок од еден ден се земаат 30-50 единици крв за анализа, која е неопходни за следење на здравјето на пациентите со коронавирус. Исто така, редовните рентгенски снимки на белите дробови за заразените се прават во истиот објект каде се прават рентген снимки од пациенти кои имаат фрактури на коските или други проблеми, ризикувајќи да бидат инфицирани со КОВИД-19.

Гледајќи ја состојбата со болницата во Куманово, која е одлика на целото македонско здравство, тогаш да не не чуди зошто имаме секојдневно толкав број на заболени. Ова само ја покажува неподготвеноста на властите да се справат со предвидениот есенски бран на корона вирусот. Тоа покажува дека министерот за здравство, Венко Филипче селосно потфрли во менаџирањето на пандемијата, обезбедувањето инфраструктура и организирањето на здравството за полесно справување со вирусот, иако на располаѓање го имаа летниот период кога вирусот беше далеку посмирен од сега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.