Ова го зборувам не само како пратеник, туку и како пациент кој лежеше на Клиника 21 ден, рече во вчерашното обраќање пред пратениците Антонијо Милошоски и повика на оставка од министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски поради огромната смртност на македонските пациенти од коронавирусот.

Високата стапка на смртност, починати од ковид-19 на еден милион жители е показател за неуспехот на министерот Филипче и неговиот советник д-р Караџовски, кои барем од морални причини би требало да понудат оставки. Како мала земја губиме несразмерно многу луѓе.
Споредба на број на починати на 1М жители:
Србија 102
Словенија 135
Бугарија 168
Албанија 171
Македонија 455 починати од Ковид19
Од овие причини оставка си поднесоа министрите за здравство на Чешка, Романија, Бразил, Полска и други земји.
Владата мора да најде подобар тим од Филипче и Караџовски, за да се подобрат овие катастрофални резултати во справувањето со Ковид19 пандемијата, порача Милошоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.