До Централната изборна комисија вчера пристигна и третата кандидатура за претседател на СДСМ за вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември.

Станува збор за Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово. Кумановци го знаат како Ваце Мувата или Лаки Мувата.

Како што соопшти СДСМ, по анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата.

„Сител“ телевизија разговараше со Алексовски за неговата кандидатура.

Се одлучив на овој чекор бидејќи состојбите во партијата не се добри. Со самото кандидирање на Максим Димитриевски се виде дека некои работи не одат како што треба. Направив програма за период 2021-2025 со слоган „Искрено, посветено во служна на граѓаните и нашата татковина Република Македонија.“ По вокација сум магистер, професор во физичко образование. Со партиска книшка сум од времето на Бранко Црвенковски. Со сите раководни структури се познавам, вели Алексовски во изјавата за „Сител“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.