По објавената снимка на Топ Ченел со примање мито, заменик министерот за здравство Асим Муса денедка на пред-конференција во владата си поднесе оставка.

Ова е стапица со која медиумите правата обид да и нашетата на мојата професионална фигура, рече Муса.

Тој истакна дека нема да дозволi кредибилитетот да му биде нарушен со бомбастични наслови во медиумите. Муса не даде одговор на новинарското прашање дали ќе биде поднесена кривична пријава против него.

„Делото“ е снимено во Струга каде што Муса работи како лекар, а наводно пациентот е новинар.

Видео снимката ја објави истражувачката емисија „Фикс Фара“ што се емитува на Top Channel.

„Пациентот“ и заменик министерот се договараат за термин за операција која би требало да се изврши во просториите на Институтот за нефрологија во Струга, познат како Дијализа, а од договореното се заклучува дека операцијата треба да биде илјада евра, а Муса зема однапред 50 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.