Судскиот совет го објави списокот на предмети по кои треба итно да се постапува.

Претседателите на судовите и судиите да ги менаџираат судските предмети согласно со мерките и препораките на Владата. Да се контролира влегувањето во судот за да не се прави метеж на шалтерите. Ова се дел од насоките на Судскиот совет кој ја објави одлуката за постпување на судовите во услови на зголемена опасност на вирусот КОВИД 19. Се предлагаат безбедносни здравствени мерки и список на предмети кои судовите треба да постапуваат. Во продолжение предметите кои судовите периодов треба да ги одржуваат

-Судења во кои има обвинети во притвор домашен притво или мерки за обезбедување присуство

– Кривични предмети за обвинети кои немаат живеалиште или престојувалиште во државата

-кривични предмети за кои постои опасност од застарување

– кривични дела: пренесување заразна болест, непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, неукажување медицинска помош, спречување службено лице во вршење на службено дејство, напад на службено лице, организирање отпор.

-прекршочни предмети од итна природа

-предмети за времени мерки

-предмети кои се во фаза на донесување на одлука

-предмети за кои постои опасност од повреда на судење во разумен рок

-предмети кои по сила на закон се итни

-прием на поднесоци и др работишто се врзани со законски преклузивни рокови

Закажаните расправи по предметите кои не се итни се одржуваат доколку се исполнети законските услови и доколку претседателот на судот и судиите проценат дека не се со висок ризик по здравјето на судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката, стои во одлуката на Судски совет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.