Траума и пластична хирургија се полни со ковид пациенти а до последен се зафатени и 243те кревети на Интерните клиники. Сите пациенти се на кислородна поддршка со тешка клиничка слика. Алармантно е и на Инфективна и во ГОБ 8-ми септември каде постојано доаѓаат возила на Брза Помош. Изминатото деноноќие само во главниот град имало 70 приеми на болни. Медицинскиот персонал од ковид центрите и по 13 месеци се уште на нога се борат со вирусот. Но велат ова е најтешкиот бран досега во кој многу помлади завршуваат во болничките соби, објави „Сител“.

Ова е појак бран мора да признаеме. Малку помлада возрасна група завршува во болница. Доаѓаат со доста тешка клиничка слика, но колку биле претходно дома не знаеме. Сите се на кислород, вели д-р Дејан Докиќ координатор на ковид центрите на Интерните клиники.

29-годишен пациент е меѓу 25-те пациенти кои починаа од компликации од ковид-19 во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство во дневниот билтен.

Во последните 24 часа се направени 3.728 тестирања, а регистрирани се 1056 нови случаи на ковид-19. Во болниците низ Македонија од ковид-19 се лекуваат 1392 пациенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.