Пратеникот Илија Димовски на вечерашната седница на која се изгласа потребата за носење на Законот за јавно обвинителство по скратена постапка, обвини дека е направен фалсификат, затоа што текстот на Законот е доставен до Собранието без да има владина одлука за тоа.

Ова е најгруб фалсификат кој се случил во ова Собрание. Нема одлука на Влада за предлагање на овој текст на Предлог законот. Овој текст сега е доставен од техничкиот премиер. Тој нема право да предлага закони, туку само може да ја застапува Владата и да доставува нејзини предлози. Во овој случај Владата нема донесено одлука за пуштање во процедура на овој Предлог закон, рече Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.