Изземање на судија е дозволено и јас тоа го барам рече Бојан Јовановски на денешното рочиште на случајот Меѓународен сојуз.

Овој судија не може да биде непристрасен при носењето одлука бидејќи веќе има оформено мислење од претходниот предмет. Имавте дискриминаторски однос кон мене и за тоа дека моите ми носат гардероба од дома. Јас и денеска сум добро дотеран-рече Јовановски.

Тој ја обвини судијката Софче Гаврилова дека носи одоворност затоа што го држела во ефективен притвор и покрај лошата здравствена состојба.

Ова е цензурирање, ја обвини Боки судијата кога таа му се обрати со повишен тон.

Тој рече и дека самата судијка веќе имала формирано мислење за него и дека мора да биде изземена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.