Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски присуствуваше на отворањето на инклузивно игралиште за ученици со попреченост во ООУ „Браќа Миладиновци“.

Интензивно работиме на подобрување на условите на лицата со попреченост. По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост го отворивме инклузивното игралиште за ученици со попреченост, инклузирани во редовна настава во ООУ „Браќа Миладиновци“ – Куманово.

 

Работиме на подобрување на образовните можности за децата со попреченост, придонесува за развој на инклузивен несегрегиран потсистем на основното образование, кој е отворен за сите и обезбедува висококвалитетна настава и значајни можности за учење за сите ученици со попреченост, а со тоа и ја зајакнува нивната социјална и образовна вклученост.

 

Овој проект е финансиран од Европската Унија, го реализира Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, во рамките на проектот „Редовно на часови“, со партнерите Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружение за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, a со поддршка од Општина Куманово – изјави Димитриевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.