Со отворените листи, треба да внимаваме во делот како би ги правеле тие измени и вели ако е намерата со тие измени да се спаси Заев од пораз на следните избори и тоа нема да му помогне затоа што поразот е неминовен, смета Мицкоски.

Тој истакна дека денеска Изборниот законик е збирка на политички желби и да ги прашате од ДИК ќе кажат дека тешко се снаоѓаат со него.

Ние не можеме повторно да градиме држава која што ќе биде производ на политички пазар како на зелен маркет, помеѓу Зоран Заев и неговите коалициони партнери. Можно е и веќе следните избори да има смена на изборните модели и промена на Изборниот законик доколку се увиди дека има таква потреба и системот не функционира,доколку тоа е во функција на граѓаните, соопшти Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.