Алијансата на Албанците и Алтернатива ќе одржат протестен марш со порака „Доста е“, со цел да го изразат револтот против злоупотреба на гласовите и полнење на кутиите на изборите, најави вечерва генералниот секретар на АА , Арбен Таравари во отвореното студио на ТВ 24.

Протестот ќе се одржи во понеделник и ќе почне од скопски Чаир, а предвидено е да заврши пред канцеларијата на ЕУ во Скопје и пред Државната изборна комисија.

Таравари обвини дека ДУИ направиле изборен инженеринг и дека најочигледен пример каде имало кражба на гласови и полнење кутии бил Зајас каде имало дури 80 отсто излезност, а според нивни сознанија гласале и починати и отселени лица.

Во 21 век вие имате поилитичка партија којашто сè уште полни кутии. Пораката ќе биде доста е веќе со полнење на кутии. Оставете го народот сам да си гласа, да си ја изрази политичката определба и волја. Не ги злоупотребувајте гласовите и не гласајте по неколку пати, рече Таравари.

Во врска со прашањето околу преговорите за формирање Влада, Таравари рече дека за нив се отворени сите опции, но главен услов е ДУИ да не биде дел од парламенатрното мнозинство, повторувајќи го ставот дека по 18 години треба да се случи промена кај албанскиот политички блок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.