Министерството за внатрешни работи отвора неколку истраги во кои инволвирани се и носители на јавни функции, ова ексклузивно за ТВ21 го потврди министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Ние веќе имаме отворено сериозни истраги, во областа на организираниот криминал и во областа на корупцијата. Ќе излеземе во наредниот период и со пресови преку кои ќе ја информираме јавноста, а тоа не го направивме претходно поради коронавирусот, изјави Наќе Чулев во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

Додаде дека и покрај тоа што Министерството беше доста ангажирано во борбата против коронавирусот, работеше и на неселективна сериозна борба против организираниот криминал и корупцијата, како и сериозни злоупотреби на системот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.