Отворен ден за иницијативи од невладините организации за намалување на загадувањето на воздухот ќе организира денеска Владата од 13:30 часот.

Целта на настанот е владини претставници да ги слушнат идеите на граѓанскиот сектор во насока на консултација за Програмата против аерозагадување 2020.

Најавени се обраќања на  заменик-министерот за животна средина  Јани Макрадули, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и претставничката на „Еко свест”, Ана Чоловиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.