Твитерџиите го коментираа отворањето на пицеријата која е дивоградба во центарот на Охрид.

Отворањето на дивата пицерија на Нефи на ден Петровден у сред Охрид, кога се отвора и Охридско лето и цела Влада е таму, има посебна симболика – ама кој да ти каже Иванна.

Наместо да биде урната, дивоградбата кај охридскиот Чинар е новоотворена пицерија. Нефи Усеини освен советник од ДУИ во општина Охрид, стана и угостител – локалот „Луна“ почна со работа и покрај тоа што е дивоградба со решение за уривање.

Објектот е изграден на државно земјиште и во заштитен УНЕСКО појас. Откако е почната неговата изградба во март годинава, никој воопшто не се ни обидел да ја спречи дивоградбата. Усеини уште кога почна да го гради објектот доби решение од Општина Охрид дека има десет дена рок самиот да ги урне конструкцијата и платформата.

Во решението на Усеини му беше посочено дека има право на жалба, но дека таа не го одложува уривањето. Освен тоа, прекршоци му констатира и градежната инспекција, бидејќи тој нема одобрение за поставување урбана опрема за 2019 година, но и дека не поседува одобрение за градење на цврста градба во заштитеното градско подрачје.

За сето тоа време Усеини непречено градеше, а општината бараше (и се’ уште бара) фирма која би го извршила уривањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.