Силниот ветер со брзина од 80 километри на час, што дуваше синоќа во регионот на Гевгелија, предизвика сериозни штети во градот откорнувајќи дрвја на неколку локации, како и делови од кровни конструкции.

Откако намалила силината на ветерот, екипи на јавното претпријатие „Комуналец“,  излегле на терен и интервенираат на отстранување на паднатите дрвја, додека тимовите на ЕВН работат на отстранување на дефекти во индустриската зона „Блокотехна“, каде што дошло до прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Според извршениот увид што го направиле екипите кои се на терен, има откорнати дрвја спроти Градската библиотека во центарот на Гевгелија, кај објектот на АД „Водостопанство“, во дворот на детската градинка „Сончогледи“ и во спортско-рекреативните зони ,,Динќут“ и „Вардарски рид“. Делови од кровни конструкции се откорнати од зградата на Основниот суд и од објектот на детската градинка „Цветови“ во Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.