Опозициските партии од албанскиот блок не ја прифаќаат поканата на Артан Груби за т.н. паралелна лидерска средба во Клубот на пратеници, па Груби ја откажа координацијата.

Од Кабинетот на вицепремиерот Артан Груби, кој денеска во својство на генерален секретар на ДУИ ги повика на состанок за пописто колегите од другите албански парламентарни партии, соопштија дека најавената координација нема да се одржи поради тоа што секретарите на Алијанса и Алтернатива, Скендер Реџепи и Арбен Таравари нема да присуствуваат на средбата.

Иницијатвата на ДУИ доаѓа предоцна. Ние баравме средба, но пред усвојувањето на Законот за попис, сметаат АА и А.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.