Големата полициска акција која била планирана за вечерва е откажана, објави порталот „Лидер“.

Ме повикаа на работа, за важна акција, но кога стигнав таму ни рекоа да се вратиме дома. Беа повикани повеќе од 200 колеги од сите одделенија, но сите не вратија назад – изјавиле за „Лидер“, полициски извор.

Претходно овој портал објави дека вечерва се мобилизираат големи полициски сили за претес на важна локација.

Како што неофицијално објави „Лидер“, службениците се сомневале дека вечерва ќе се влегува кај некоја позната личност поврзана со случајот “Рекет”.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.