Откако денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев го пречека својот грчки колега Алексис Ципрас, без интонирање на македонската химна, неговите сопартијци не знаеја дали треба да станат кога се слушнаа звуците на „Денес над Македонија се раѓа“ на итингот на Стево Пендаровски. Претседателскиот кандидат на владејачката партија им даде знак на присутните дека може да станат.

Ова го искоментира и аналитичарот Александар Пандов кој напиша:

Брука невидена!!! Тоа што Заев престана да ја интонира Македонската химна како да беше сигнал за комуњариве, па ако Стево не им даде знак престанаа и да стануваат на химната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.