Видео од комбајн во кој се меле жито како метафора, закани дека ќе ја најдат и дека ќе зажали, се само дел од заканувачките пораки кои новинарката Мирослава Брнс ги добива откако преку својот личен профил на „Фејсбук“ објави фотографии од свадбена прослава во време кога таквите прослави и собиранки се забранети.

Како што потенцираа таа, станува збор за закани од гостите на свадбата на синот на екс амбасадорот во Швајцарија.

Полиција ми го обезбедува домот по заканите од објавената свадба ,,дека ќе ме најдат и дека ќе зажалам”. Ми пратија и видео од комбајн во кој се меле жито како метафора. И тоа дочекав. Им благодарам на полицајците за брзата интервенција и на сите над нив што све направија што можеше да се направи. Сепак психолошкиот притисок и терор се огромни. Не е баш убаво да се живее во исчекување дека ,,ќе зажалам и дека ќе ме најдат”. Особено не е убаво кога заканите доаѓаат од гости на свадба на син на екс амбасадорот во Швајцарија кој собрал 200 души во ресторан среде Тетово во пандемија. Сепак, заканата не е дело кое што полицијата ќе го гони по службена должност зашто според нашиот идиотски Кривичен Законик, новинарите не се функционери односно службени лица. Иначе од позитивните вести, многу се згодни полицајциве па тоа некако ме крепи, пишува новинарката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.