Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска во касарната „Илинден“ положи венец на споменикот на загинатите бранители, во спомен на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа кај месноста Љуботенски бачила.

Претходно јавноста остро реагираше што министерката за одбрана не се појави на Карпалак да им оддаде почит на десеттемина припадници на резервниот состав на Армијата на 19-годишнината од загинувањето во оружениот конфликт во 2001 година.

На споменикот на загинатите бранители, венци положиле и членови на нивните семејства и делегација од кабинетот на Претседателот на државата, соопштија денеска од Министерството за одбрана.

На овој ден, пред 19 години кај Љуботенски бачила загинаа Томе Бадаревски, Бранко Јанев, Марјанчо Бошковски, Раде Јанковски, Гоце Чанкуловски, Томислав Настевски, Ивица Златевски и Томе Димоски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.