Премиерот на Бугарија Кирил Петков на 18 јануари ќе допатува во Скопје на официјална посета на Република Македонија.

Во бугарската делегација се највени министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, министерот за транспорт и врски Николај Сибев и потпретседателот на Народното собрание Кристијан Вигенин.

Пеков требаше претходно да допатува во посета на Македонија, но таа беше одложена откако тој и претседателот Румен Радев, беа во задолжителна изолација поради контакт со лице заразено со корона вирусот.

Петков излезе од карантинот откако доби негативен ПЦР тест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.