По успешниот состанок во Охрид меѓу Белград и Приштина, македонската влада предложи да се состанат Ерменија, Азербејџан и Грузија исто така во Охрид за постигнување договор за траен мир.

(фото: Ројтерс)

Ќе биде испратен и нон-пејпер документ до Европската унија, во меѓувреме од страна на американската администрација веќе е добиено позитивно мислење, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите.

За одржувањето на средбата биле понудени три датума до овие земји рече Османи, дополнувајќи дека како претседавач со ОБСЕ македонската влада планира Охрид да прерасне во центар на помирување на Европската организација за безбедност и соработка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.