Специјалиот пратеник за спорот со Бугарија рефлектира силен оптимизам дека за сите спорни прашања ќе се најде решение. Бучковски е оптимист дека решение ќе има до крајот на оваа година.

„Јас по природа сум оптимист, и верувам дека до крајот на мојот мандат, (декември оваа година – н.з.) ќе најдеме решение за отворените прашања. Се наоѓаме во фаза на предизборие во Бугарија, затоа се обидуваме да бидеме претпазливи. Мојата главна преокупација во последните неколку недели е соработката во медиумската сфера, универзитетите, културата“, вели Бучковски за „Дојче Веле“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.