Отец Оливер Петковски преку социјалните мрежи информира каква е состојбата во Пехчево по неговата посета.

Кога би морал да ја опишам ситуацијата во Пехчево со само еден збор, тој збор би бил ТРАГЕДИЈА… Но во маката се познаваат јунаците, а изминативе денови тоа се нашите пожарникари, доброволците, но и месното население во опожарените места во Пехчево, Куманово, Кочани… кои даваат сѐ од себе да се изборат со огнената стихија во овие пеколни денови. На овие херои им е неопходна нашата помош од доброволци од цела Македонија, но потребна им е и вода, ладен чај, сокови, како и нерасиплива конзервирана храна. Да им помогнеме на нашите браќа да се изборат со пожарите на сите начини. Денес нашите волонтери повторно ќе ги посетат најкритичните жаришта за да ја достават вашата помош. Ве замолуваме и апелираме да се вклучиме и да помогнеме. Вратите на нашиот храм Свети Спас во Драчево се отворени од 07.00 часот и ќе ги очекуваме вашите донации. Бог да ве благослови, пишува отецот.

Ситуацијата со пожарите во Македонија е алармантна, во моментов активни се 10 пожари, а најсериозна е состојбата во Општина Македонски Брод, како и во регионот на Пехчево и Делчево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.