Новите униформи ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Уредбата на претседателот. Во Преспанскиот договор имаме одреден период на транзација и никој не очекува работите да се променат преку ноќ, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање кога може да се очекува да бидат заменети ознаките и да се набават нови унформи за Армијата откако вчера претседателот Стево Пендаровски ја потпиша Уредбата за преименување на АРМ.

Новата процедура, како што рече, ќе започне согласно со новата Уредба на претседателот и за тоа ќе треба време согласно закон.

Не е добро да се влечат процедурите и да се работи без процедури. Тоа го кажавме од почетокот. Можевме да прифатиме униформи кои нема да одговараат на стандардите и на спецификациите, но рековме дека со неквалитет армијата и досега платила голема цена, рече Шеќеринска, одговарајќи на новинарски прашања при презентацијата на опремата од вежбата „Одлучен удар“, што е изложена вечерва во центарот на Скопје.

Како што посочи, не се фокусирани за замена на униформите на Денот а Армијата – 18 август, со оглед дека станува збор за борбени, а не за службени униформи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.