Осумте пратеници што гласаа за промена на уставното име преку соопштение во јавноста во целост ги отфрлаат, како што велат, лажните наводи изнесени од пратеникот Антонио Милошоски во вчерашната емисија „Што не е јасно“ на „Алфа“, каде што тој ги обвини за поткуп за гласањето на уставните измени.

Исто така, во континуитет од раководството на ВМРО-ДПМНЕ се изнесуваат вакви клевети за поткуп. Го охрабруваме пратеникот Антонио Милошоски и останатите од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, доколку имаат докази за ваквите клевети веднаш да ги пријават во Јавното Обвинителство. Во спротивно најавуваме дека ваквите наводи ќе треба да ги докажуваат во судски постапки, се вели во реакцијата на групата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.