Првиот тв-дуел пред парламентарните избори помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев, само го потврди стравот на Заев за соочување со опонентот.

Меѓу сите лабави аргументи и препирки, Заев повторно ги излажа граѓаните. Ова се дел од тие лаги:

1. Заев тврди дека го пријавил Боки 13 и рекетот во Обвинителство, но НЕ ЗНАЕ дали е составен законски неопходен записник за тоа. Вели дека не знае, и дека тоа треба да се провери во обвинителството. Заклучок – не го пријавил делото туку, напротив, според објавените телефонски снимки дури и на самото судење е јасно дека ги предупредил Боки 13 и Зоран Милевски Кичеец  дека против нив ќе се води истрага.

2. Темите за тоа каде се парите од Рекет, за средбата на Вице Заев со Зоран Милевски… Заев ги одбегнуваше без да каже ни збор за на крај да одбие да го прими подарокот од Мицковски, паричник Луј Витон за да ја комплетира ташната Луј Витон од Рекет.

3. Заев пред камери тврди дека градоначалникот на ДУИ, Беџети, не изјавил дека Заев му вршел притисок како да гласа кадар на ДУИ во судскиот совет… иако тоа го пренесоа сите телвизии и портали! Демантирај, па кој верува – верува, е моделот на Заев за се и сешто.

4. Заев тврди дека лично тој и неговиот тим воделе постапка за таканаречени реформи во судството и обвинителството затоа што било НЕДОЗВИЛИВО РАЗНОГЛАСИТЕ – Обвинителството да мисли едно, судството нешто друго, а Апелација и Врховниот суд нешто трето, сите треба да постапуваат како што постапува првиот во низата, да го следат Обвинителството. Со ова до темел се урива судскиот систем на модерното време каде основа на системот е обвинителството и адвокатите да се само равноправни странки во спорот, а судијата независно од нив да пресудува.

5. Заев тврди дека се изградени 700 километри патишта во неговиот мандат, а вистина е според презентираните официјални документи од Мицковски дека се почнати (а не се ни тие изградени) само два километри автопат до Блаце кон Косово и асфалтирани околу 200 километри локални и регионални патишта кои се изградени далеку порано. Болниците за кои Заев тврди дека се градени во негов мандат без да посочи макар еден пример – едноставно ги нема.

За капитална инвестиција Заев посочи дури 250.000 евра инвестирани во Арачиново за канализација што беше проследено со потсмев.

6. Заев тврди дека во индистриската зона во Струмица од ветените 14 се изградени 4 фабрики, на прашањето кои се тие фабрики Заев се вадеше дека четирите во градба за, на крај да нема ниту една фабрика во струмичката економска зона.

7. За економските теми, Заев одбегнуваше дискусија освен дека во негов мандат имало 60.000 нови вработуавња при што бегаше од податокот 40.000 од тие се во државната администрација. Се расфрлаше со бројки извадени од ракав како оние дека ова е најмал буџет во Македонија, иако е најголем во македонската историја, дека Македонија сега е најмалку задолжена иако е вистина, и со службени податоци потврдено, Македонија е сега најзадолжена во последините 15 години.

8. Лајтмотив, десетина пати повторена тема од Заев, беше дека Мицкоски е одговорен за политиката на Никола Груевски. Во еден момент Заев сакаше да биде скопски мангуп, неговата најслаба точка и провинсциска фрустрација, и му понуди телефон на Мицкоски да му се јавел на Груевски да го праша за одговор. Но, доби грубо приземјување од Мицковски.
Извор: Вечер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.