Осумдесет и четиригодишен пациент од Кочани кој вчера побегнал од штипската модуларна болница ја искористил приликата кога здравствениот персонал носи група на пациенти на одделот за рентгенологија.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев појаснува дека пациентот уште од раните утрински часови барал да ја напушти болницата, но поради сериозната здравствена состојба е задржан на лекување.

Кога персоналот излегувал од болницата со пациентите 84-годишниот пациент ја искористил приликата и излегол низ отворената врата.

Здравствениот персонал кој останал да се грижи за пациентите во модуларната болница веднаш забележале дека го нема и ја информирале полицијата, дојавата е во 15.47 часот.

Во полицискиот извештај стои дека пациентот е пронајден на Градскиот плоштад во Штип, по што со возило на Итната медицинска помош е вратен во модуларната болница. Од болницата до плоштадот доколку се оди пеш се пристигнува за 10 до 15 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.