Европската Комисија е запознаена и ја осудува полициската бруталност против лицата од ромско потекло во Битола минатата недела, јави дописничката на МИА од Брисел.

Многу јасно осудуваме секаква неоправдана употреба на сила, нотираме дека властите го осудија инцидентот и дека преземаа чекори за отворање истрага за одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата – изјави портпаролката за проширување на Европската Комисија, Ана Писонеро.

Европската Комисија не ја коментира истрагата, ниту судските постапки, додека се во тек, но нагласува дека нејзината позиција во однос на полициската бруталност и прекумерната употреба на сила е „многу јасна осуда“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.