По Уставот или по Деловникот – дали претседателот на Собранието Талат Џафери ќе закаже пленарна седница по заклучокот на Комисијата за мандатно и деловничко-имунитетни прашања или ќе ја чека писмената оставка на пратеникот Никола Груевски?

Пресинг ТВ ја отвора оваа дилема по најавата на Никола Груевски преку Фејсбук дека ќе поднесе писмена оставка на пратеничката функција. На ова, пак, дилема, пишува новинарот на Пресинг ТВ Предраг Димитровски во текстот, се надоврзува уште една – дали оставката поднесена од морални и етички причини на пратеникот Павле Богоевски ќе биде активирана или ќе го чека доаѓањето на поранешниот премиер?

Според Деловникот на Собранието, Џафери мора да закаже собраниска на која прва точка на дневниот ред ќе биде заклучокот на Комисијата за мандатно и деловничко-имунитетни прашања, а според Уставот, пратеник може да даде оставка доколку лично ја приложи во Кабинетот на претседателот на Собранието.


Целиот текст на Пресинг ТВ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.