Мицкоски рече дека протестите ќе продолжат додека не се спаси она што остана од Македонија, додека не се спаси македонското во Македонија, додека не дојде конечниот пораз на оваа влада Тој ги повтори и вечрва, на третиот протестен марш во Скопје шесте барања на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа објавени во неделата на протстот во Кочани.

1.Неотповиклива оставка на Оливер Спасовски поради целиот криминал, поради сите неразјаснети убиства, мафијашки пресметки. Поради сите претреси на нашите браќа и сестри во нивните домови, рано наутро. Поради сите омаловажувања пред нивните деца затоа што излегле да протестираат и го поддржале ВМРО-ДПМНЕ.

2.Неотповиклива оставка на министерот за надворешни работи поради сите понижувања, национални омаловажувања што ни ги приреди. Но, најмногу поради тоа што не нарече „искомплекцирана нација“, нацијата која лебот му го дава. Нацијата која го школувала него и неговото семејство.

3.Веднаш повлекување на Законот за зголемување на даноците. Не ги опфаќа законот само оние со повисоки примања. Ги опфаќа и земјоделците и економијата и бизнисот и професорите и сите кои се под Договор на дело, затоа доста го лажете народот, веднаш да го повлечете законот за зголемени даноци.

4. Почист воздух – вратете ја гасификацијата и откажете се од оние мерки со кои секој ден го лажете народот, мерки кои предвидуваат бележење на возилата. Не може на тој начин да се однесувате повеќе.

5.Формирање на комисија која ќе ги анализира, систематизира и преслуша разговорите кои се резултат на црниот Вотергејт на Заев. Прислушувањето на јавните обвинители и на судиите. Сторителите и нарачателите да одговараат за ова.

6.Да се почитува волјата на народот, јасно изразена на референдумот на 30 септември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.