Прес-конференцијата на Катица Јанева, која личеше на ода за себе и својот лик и дело, Јанева ја почна со позитивна оценка за себе и за заврши со истото – позитивна оценка на депонираната оставка.

Сепак, во последните зборови на Катица Јанева може да се препознае само едно – таа признава дека оставката што ја поднела е пред сѐ бегање од случајот „Рекет“, а најмалку сѐ што наброја: од недавање алиби за евроинтеграциите до висока професионална свест.

Ја депонирав мојава оставка која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат мојот наследник. Со овој чекор сакам да бидам пример за сите останати. Не само да не дозволувам да бидам користена за нечие алиби за европските интеграции, туку покажувам висока професионална свест и со депонирањето на мојата оставка потврдувам дека нема на никаков начин да влијаам на конечниот исход на случајот „Рекет“.

Катица Јанева ја поднесе оставката на 15 јули, речиси во исто време додека се спроведуваше акцијата за апсење на Бојан Јовановски на ГП „Богородица“. Прес-конференцијата на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска за случајот „Рекет“ се одржа истиот ден во 16.30 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.