Три недели откако поднесе оставка од позицијата заменик-министер за здравство, Асим Муса продолжува да се појавува на своето работно место. Причина за тоа е фактот дека Владата се уште не ја доставила до Собранието одлуката за негова оставка, за потоа Собранието тоа и да го констатира.

Сите потребни процедури ќе се почитуваат, Владата се очекува наскоро до Собрание да достави и предлог за именување на нов заменик министер и веруваме дека Собранието на пленарна седница во текот на месецот ќе го разреши актуелниот во оставка и ќе именува нов заменик министер во Министерството за здравство, изјавил портпаролот на Владата Мухамед Хоџа за Алсат-М.

Како што дознава Алсат, лекарот Арменд Арслани од ДУИ ќе го замени Муса, кој даде оставка откако беше објавена снимка на која зема поткуп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.