По најавената интерпелација за министерот за надворешни работи Никола Димитров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи најави дека партијата ќе поднесе интерпелација и за работата на првиот човек на полицијата, Оливер Спасовски.

Нерасчистени убиства!
Криминал во подем, држава со најголем раст на индексот за перцепцијата за корупција, сомнителни тендери во МВР!
Тепање на сопствениот народ и политички прогон. Криминалот на луѓето од власта останува нечепнат, криминалци се пуштаат на слобода додека патриоти се затвораат. Незаконски претреси по домовите на луѓе кои протестираат.
Црниот Вотергејт на Заев со кој се прислушкувало обвинителството и судството, за да се клекне на колена и уценува, е црно петно за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. И поради сето ова, и многу повеќе работи кои ќе бидат образложени во Собранието ќе поднесеме интерпелација за работата на Спасовски. Оставка поради неговото црно владеење со министерството, прогонот, неказнетиот криминал и растечката корупција! – стои на фејсбук страницата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.