Сакам да го започнам ова мое обраќање со реченицата: Оставка на Заев, слобода на народот! – вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ; Христијан Мицкоски го започна своето обраќање пред насобраната толпа народ, револтирана од изјавите на премиерот Зоран Заев за бугарската БГНЕС.

-Има работи коишто се свети, има работи коишто не се предмет на пазарење за секој со нормален ум и разум. Затоа постојат државите, тоа не прави посебни и тоа е дел од нашиот идентитет. Премногу молчевме! Премногу бевме со наведната глава, но сега е времето кога треба да ја кренеме главата и да кажеме ДОСТА Е! Време е Македонците повторно да се борат и да се изборат за својте правдини.Ова што Зоран Заев и го прави на Македонија е срамно. Срамно е измамништвото негово. Нема човек од Македонија кој не почувствува срам кога го гледаше онака понизно, како со треперлив глас се додворува на бугарската политичка елита. Зошто?? За таа пуста фотелја. И додека тоа го правеше се откажуваше од жртвата на Илинденците, од жртвата на партизаните кои биле наследници на Илинденците. Газеше по коските на Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Кузман Јосифовски Питу, Христијан Тодоровски Карпош, Орце Николов, Борка Талески, Раде Јовчевски Корчагин, Вера Јоциќ… а со тоа и на саможртвата на Гоце, на Даме, Питу и сите други илинденски првенци, луѓето кои ја започнаа својата борба која што ние природно денеска ја водиме и ден денес се бориме за нашата Македонија – зборуваше Мицкоски пред големиот број граѓани.

Вели овде нема политика, ниту оваа ниту онаа партија, ова е Македонија.Овој протест е на народот. Овде нема калкуланство, ова е протест на сите против лудоста на еден човек.

-Ве молам сите да го гледате како протест кој е надпартиски во кој мора сите да се обединиме. Ќе победиме ако сме обединети. Секогаш сме биле обединети и тогаш сме победувале, затоа ни е потребно обединување рамо до рамо еден до друг. Така и никако поинаку мора да биде и овој пат. Во овие тешки услови на криза обврзани сме да реагираме и да оставиме трага. Ќе победиме ако народ излезе и каже НЕ ПОВЕЌЕ. Ќе победиме ако сите кажеме премногу е. Како поединци не можеме ништо, но сите заедно обединети и сплотени можеме СЕ – додаде Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.