„Трас Трас судство, Луј итон обвинителство“, „Лопови во окови“, „Монструмите на слобода, уставобранителите во затвор“, „Мафија на робија“ ова се дел од паролите на синоќешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ за како што велат, против сите неправди, реваншизам и насилство на мафијата на Заев.

Протестот започна од пред Министерството за правда, а илјадници граѓани предвоени од раковоството на ВМРО-ДПМНЕ потсетија дека мафијата на Зоран Заев треба да си поднесе оставка.

„Македонија е држава во која невини луѓе лежат во затвор, додека државата секојдневно ја тресат скандали со криминал и корупција од страна на власта“, порачуваат присутните граѓани.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.