Aвтобусот на компанијата „Дурмо турс“ што вчера излета од автопатот Скопје-Тетово се извлекува од местото на несреќата и ќе биде префрлен во кругот на касарната Ѓорче Петров, каде што ќе се изврши негово вештачење.

На местото на настанот во текот на претпладнето инспектори и екипи на МВР вршеа увид и ги разгледуваа околностите под кои се случила несреќата.

Премиерот Заев за време на неговото обраќање на комеморацијата во Гостивар рече дека причините за несреќата ќе бидат брзо расветлени.

Трагичната несреќа во која животот го загубија 14 лица се случи вчера попладне, околу 17:00 часот. Од засега непознати причини автобусот излетал од патот и се превртел.

Извор: Алсат

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.