Одѕивот на гласањето на првиот круг од Претседателските избори до 13 часот изнесува 20,45 проценти, сооптши на прес-конференција портпаролот на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска која додадедека од пристигнатите податоци од 75,57 отсто од избирачките места до 13 часот гласале 284.942 гласачи.

Според податоците на ДИК, слабата излезност е особено видлива општините со мнозинство албанско население.

Најниска излезност до 13 часот имаат општините Пласница 5,32, Липково 5,43 проценти, Центар Жупа 6,17, Желино 6,62 и Врапчиште 7,5 проценти.

Во Тетово до 13 часот излегле само 13,13 отсто од запишаните 83.514 гласачи, во Струга излезноста е 12,05 отсто, во Кичево 13,15 отсто, а од поголемите градов Гостивар бележи најниска излезност со 10.92 отсто.

Слаба излезност има и во Сарај (8,45%), Арачиново (9,04%), Боговиње (8,11%), Маврово и Ростуша (10,49%), Студеничани (7,19%), Теарце (9,64%) и Чаир (11,51%).

Меѓу општините со најголем процент на излезност се Прилеп со 35,2 проценти и Крива Паланка со 36,39 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.