Основното училиште во селото Вруток, гостиварско, деновиве ќе биде затворено, поради позитивни тестови на Ковид-19 кај тројца вработени.

Според одговорните во секторот за образование, наставата во ОУ „Лирија“ најверојатно ќе продолжи онлајн.

Состојбата со ширењето на вирусот во гостиварско се влошува и таа почна да влијае и врз наставниот процес. Денеска добив известување од училиштето „Лирија“ од каде нè информираа дека во групата која изведува настава на македонски јазик има тројца заразени. Тие заради тоа, побараа наставата да продолжи онлајн. Најверојатно, во установата ќе биде воведен карантин – вели Аслијан Снопче, одговорна за секторот образование во општина Гостивар.

Според Снопче, Случаи со заразени со корона вирусот има и во други
училишта, кои се движат во рамки на три или четири. таа вели дека досега има
22 кои се надвор од наставниот процес.

Снопче посочува дека во градинките состојбата се нормализира откако беа
откриени позитивни случаи на корона вирусот. Таму пред две недели
имаше четири лица вработени во заедничката кујна кои заради Ковид-19
беа изолирани.

Вкупната бројка на активни случаи во гостиварско надминува 450 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.