Наспроти изјавите на премиерот, Зоран Заев, и министерката за правда, Рената Дескоска, кои во врска со забелешките по однос на Венецијанската комисија за Законот за јазици изјавија дека институциите се подготвени да ги имплементираат, вицепремиерот, Бујар Османи, вели дека од Венецијанската комисија ќе се земат предвид само забелешките во акционите планови.

Законот ќе се смени кога ќе има разбирање меѓу двете етнички заедници бидејќи тоа е јазик кој се носи со бадинтер. Но ако праксата ни укаже на двете страни дека има потешкотии во имплементирањето и дека со одредена одредба може да се подобри функционирањето и ние ќе гласаме за смена на одредбата, но мора да има консензус – рече Османи во изјава за ТВАлфа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.