Секое надгласување на македонските судии на албанските во Уставниот суд за Законот за јазици, секој обид на Министерството за правда да направи измени без усогласеност на целата влада и без консензус во Собранието е поместување на македонско алабанскиот баланс кој се вопоставува со Законот за јазици и ќе отвори зачаран круг и спирала што ќе не помести од патот по кој сме тргнале.

Ваков заклучок изнесе вицепремиерот Бујар Османи по повод последната одлука на Венецијанската комисија за Законот за јазици и вчерашните најави на премиерот Зоран Заев дека измени на Законот ќе има.

Според вицепремиерот секое отворање на Законот за јазици со кој се затвориле прашањата од Рамковниот договор ќе не врати пред 2001 година.

Османи рече дека е задоволен од извештајот на Венецијанската комисија особено затоа што дал позитивно мислење за двојазични монети и униформи за што сега дома ќе се постигне конечното решение.

Извор: Тв Сител

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.