Првиот човек на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вчера рече дека има сознанија оти во материјалот за скандалот „Рекет“ има „бомби“ и против вицепремиерот Бујар Османи, па затоа, како што вели, овој случај нема да дочека исход. Османи жестоко ги отфрла тврдењата на Села, додавајќи дека претседателот на Алијанса во последно време „зборува само глупости“, пренесува ТВ21“

Мене искрено ми е жал што овој човек во последно време зборува само глупости. Не ги знам мотивите. Не знам кој му е проблемот. Можеби е во прашање љубомора за успехот на европската агенда и тоа ги вознемирило сите противници на напредокот на оваа земја или можеби има потреба за внимание од јавноста, вели Османи.

Запрашан дали е сигурен дека неговото име не се спомнува во „бомбите“, Османи ни одговори дека „тоа се будалштини“. Вчера, на брифинг со новинари, Села изјави дека има сознанија оти постојат разговори каде притворената Катица Јанева тврди дека има стотици докази за Бујар Османи.

Имам информации дека во разговорите меѓу Катица Јанева, има и разговори од типот „дали има докази за Бујар Османи?“, а одговорот е „стотици“. Потоа имаат и неколку наредби од Обвинителството – што да изјави господинот вицепремиер за евроинтеграции, изјави Села.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.