Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска на покана на високиот претставник на заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел учествува на состанокот на Советот за надворешни работи во Брисел кој се одржува првпат заедно со министрите за надворешни работи во формат Б6.

Османи, заблагодарувајќи му се на Борел за поканата, изрази надеж дека се воспоставува нова практика која, вели, ќе биде од корист за двете страни, и за ЕУ и за Западниот Балкан, и оти со тоа се надополнува делот од сложувалката што недостасува за Европа да биде целосна.

Во контекст на руската агресија врз Украина, што ќе биде една от темите на состанокот, Османи нагласи дека Македонија стопроцентно се усогласи со задничката надворешна политика на ЕУ.

Времето е важно да разговараме за нашата заедничка позиција во осудата на руската агресија врз Украина и покажаната солидарност кон Украина. Македонија недвосмислено ја поддржува Украина и нејзиниот народ. Нашата надворешна безбедносна политика стопроценто ја усогласивме со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и мислам дека заедно сме послилни во осудата на руската агресија и солидарноста со Украина, рече министерот за надворешни работи Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.