На пат за Луксембург и Брисел очи во очи со историјата пред конечната одлука, напиша на својот „Фејсбук“ профил вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој рано утрово отпатува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори со претставници на Европската Унија во очи Министерскиот состанок за општи работи (ГАК), каде на дневен ред ќе се најде одлуката за почеток на преговорите со Македонија.

Независно дали одлуката ќе биде денес или утре, дали ќе биде ДА или НЕ, за нас сонцето и натаму ќе изгрева на Запад, напиша Османи на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.