Суштината на спорот меѓу  Македонија и Бугарија нема ништо со процесот на евроинтеграција. ЕУ е систем кој што прифаќа разновидност и мултиперспективност. Нема ништо со исполнување на политичките и економските критериуми од Копенхаген. Се бави со прашања коишто се целосно внатрешни, прашања на земјата како јазикот е право што произлегува од правото на самоопределување на земјата.

Ова го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи на панел дискусијата насловена „Југоисточна Европа: Зајакнување на мирот и безбедноста во кревка глобална средина”, во рамки на конференцијата Самит на Западен Балкан – „Промовирање на инклузивноста и солидарноста во Европа”, што се одржува во Скопје, во организација на престижниот магазин “The Economist”.

Тој додаде дека постојат повеќе патеки на кои што работиме во однос на надминување на спорот. Билатералната во рамки на која се работи на спроведување на Договорот за доброседство, и европскиот пат и позицијата на прашањето во процесот за интеграција во ЕУ при тоа го повтори ставот дека билатералните прашања не треба да бидат дел од процесот на проширување.

-Што се однесува до прашањето на јазикот имаме во моментов предлог од претседателствата и германското и португалското, преземен и од словенското и тоа е сеуште активен предлог и според нас тоа е добра основа за изнаоѓање решение. Од неодамна можам да видам и еден премин од наративот што ја поддржува идејата на наметнување апсолутна вистина и мешање во правото на луѓето да го прифатат тој наратив и предлогот 5+1 на последниот состанок за воведување на бугарската заедница во нашиот Устав за да ги имаат сите права за зачувување на својата култура, идентитет и историски атрибути. Мислам дека Македонија е позната по признавање на правата на заедниците слободно да ги изразуваат своите атрибути и тоа е патот напред на кој што работиме, рече Османи во одговор на прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.