Вицепремиерот Бујар Османи од Самитот во Лондон оди во Венеција каде што, како што напиша на Фејсбук, ќе ги брани позициите на Владата за Законот за јазиците.

На пат за Венеција, на сесија на Венецијанската комисија каде ќе се оценува Законот за употреба на јазиците. Во име на владата ќе го претставам ставот дека законот е автентична рефлексија на Рамковниот договор но и на потребата за создавање Европска мултиетничка и функционална држава, напиша Османи.

Венецијанската комисија излезез со забелешки за Законот за јазиците. Во мислењето се вели и дека многу од одредбите на Законот ги надминуваат европските стандарди дефинирани особено во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици, но дека истото е за пофалба.

Законот за јазиците оди премногу далеку, наметнувајќи нереални обврски на институциите, особено што се предвидува употребата на албанскиот јазик во судските постапки, кои се формулирани на толку широк начин што сигурно би барале повеќегодишна подготовка да биде целосно спроведена, беа укажувањата на  Венецијанската комисија.

Високо огромни и скапи обврски што законот ги наметнува особено на судските органи се придружени со тешки парични санкции во случај на непочитување (член 23). Покрај тоа, неуспехот да се обезбеди превод и толкување што се бара со закон во текот на постапката претставува основа за враќање на судската одлука (член 9 (5)). Под сегашни околности, доколку се применува целосно законот, тој значително ќе го забави функционирањето на целиот судски систем, со што ќе се доведе во опасност сериозно нарушување на правото на фер судење загарантирано со Европската конвенција за човекови права, се вели во заклучокот.

Претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за „24 Отворено“ рече дека мислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазици е дека со истиот се даваат премногу права кои одат и преку стандардите на демократијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.